Пози за фотографирање во кои ќе изгледате како ѕвездите на црвениот тепих

Многу професионалци работат на сликите и позирањето на славните за тие да изгледаат совршено на фотките.

11-pozi-so-koi-na-fotkite-kje-izgledate-kako-dzvezdite-na-crveniot-tepih-01.jpg

Затоа тие изгледаат многу помладо и успешно успеваат да ги прикријат недостатоците или пак вишокот.

За да го постигнат тоа тие користат одредени пози со кои загарантирано изгледаат прекрасно.

Ако сакате и вашите фотки да бидат како да позирате на црвениот тепих, ова се позите кои треба да ги практикувате:

Поза: Чајник

Класична и женствена поза – едното рамо е малку поткренато, а спротивната рака ставете ја на половината.

Не ја практикувајте ако: рамената ви се многу тенки.

11-pozi-so-koi-na-fotkite-kje-izgledate-kako-dzvezdite-na-crveniot-tepih-02.jpg

Поза: Песочен часовник

Застанете полусвртени со едната рака ставена на половината, а другата спуштена покрај телото и со малку вкрстени нозе една пред друга. Со оваа поза ќе ги истакнете облините, ќе ги издолжите носете и сокриете недостатоците.

11-pozi-so-koi-na-fotkite-kje-izgledate-kako-dzvezdite-na-crveniot-tepih-03.jpg

Поза: Чекор назад

Иако оваа поза е малку неприродна, сепак додава динамика и создава впечатлива линија на телото, плус ги издолжува нозете.

Не ја практикувајте ако: носите долго здолниште и нозете ви се скриени, тогаш ќе се создаде спротивен ефект.

11-pozi-so-koi-na-fotkite-kje-izgledate-kako-dzvezdite-na-crveniot-tepih-04.jpg

Поза: Анџелина

Оваа поза наречена по Анџелина Џоли е една од најпопуларните. Извадете ја ногата од шлицот, а спротивната рака ставете ја на половината. Оваа поза е често користена бидејќи совршено го истакнува аутфитот и ги издолжува нозете.

Не ја практикувајте ако: фустанот не е еднобоен, ако шлицот не е висок и ако сте ниски.

11-pozi-so-koi-na-fotkite-kje-izgledate-kako-dzvezdite-na-crveniot-tepih-05.jpg

Поза: Двете раце на половина

Оваа поза покажува 100% самодоверба во вас и вашиот изглед. Двете раце ставете ги на половината, благо поткренете ги рамената, а едната нога свиткајте ја во коленото. Со оваа поза се истакнува формата на телото и визуелно ја намалува половината.

11-pozi-so-koi-na-fotkite-kje-izgledate-kako-dzvezdite-na-crveniot-tepih-06.jpg

Поза: Чекор нанапред

Оваа поза која е карактеристична за Викторија Бекам е впечатлива и привлечна, а изгледа добро од двете страни. Застанете полу завртени кон камерата, стоејќи цврсто на ногата која ќе ја ставите назад и наведнати на страната на таа нога што ќе ви стои напред малку искривена.

Не ја практикувајте ако: имате тело со облик на круша (широки колкови и тесни рамена).

11-pozi-so-koi-na-fotkite-kje-izgledate-kako-dzvezdite-na-crveniot-tepih-07.jpg

Кралска поза со поглед наназад

Елегантна поза која изгледа како да е создадена за фустани со гол грб. Направете слика како да си заминувате, а потоа свртете ја благо главата настрана и погледнете во камерата.

Не ја практикувајте ако: не носите фустан со гол грб.

11-pozi-so-koi-na-fotkite-kje-izgledate-kako-dzvezdite-na-crveniot-tepih-08.jpg

Поза: Преклопени раце

Можеби изгледа на скромна поза, но сепак изгледа прекрасно, а плус можете да го истакнете маникирот или модерната плик чанта. А, ако имате скромен краток фустан, нозете визуелно ќе се издолжат и истенчат.

11-pozi-so-koi-na-fotkite-kje-izgledate-kako-dzvezdite-na-crveniot-tepih-09.jpg

Поза со акцент на страничниот дел на телото

Нозете се раширени, рамената исправени, а телото благо свртено настрана оваа поза е одлична за краток или деловен аутфит.

Не ја практикувајте ако: носите краток и тесен фустан или здолниште.

11-pozi-so-koi-na-fotkite-kje-izgledate-kako-dzvezdite-na-crveniot-tepih-10.jpg

Поза со поглед преку рамо

Поглед преку рамо е исто така популарна поза уште од многу одамна, откако се појавиле фустаните со отворен грб во ’20-ите години. Ги истакнува колковите, а заводничкиот поглед го прави своето.

Не ја практикувајте ако: немате совршена фигура.

11-pozi-so-koi-na-fotkite-kje-izgledate-kako-dzvezdite-na-crveniot-tepih-11.jpg

Поза: Спуштени раце

Изгледа на едноставна поза која не привлекува внимание, но е одлична за да го покажете целосниот аутфит без да пречите со непотребни гестикулации.

Не ја практикувајте ако: носите кратки здолништа или ако сте ниски.

11-pozi-so-koi-na-fotkite-kje-izgledate-kako-dzvezdite-na-crveniot-tepih-12.jpg

Извор – http://www.crnobelo.com/

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели