Пожар во црква во Корча

Во главната првославна катедрала која се наоѓа во центарот на албанскиот град Корча „Христово Воскресение“ денеска напладне изби пожар, веднаш по посетата на претседателот на Албанија Илир Мета.

Според албанските медиуми пожарот избил најпрво на местото каде се палат свеќи, а по кратко време интервенирала и противпожарната служба на Корча.

Денеска црквата ја посетил претседателот на Албанија Илир Мета, по повод Божик.

Медиумите кои се повикуваат на извори на албанските институции информираат дека засега не се познати причините на пожарот.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели