Пожар пеплоса 800 бали слама во Могила

На 03.01.2018 година околу 21,45 часот во с.Могила-Битола, на местото викано „Пречистителна станица“ во близина на стадионот „Димче Могилче“, од засега непознати причини настанал пожар во кој биле изгорени 800 бали слама, сопственост на општина Могила. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијална против пожарна единица. Од пожарот е причинета е материјална штета од околу 61.000 денари. Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи-Битола.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели