Повторно жестоки судири на истокот од Украина, досега петмина загинати

Во последните 24 часа во судирите во источниот дел на Украина загинаа најмалку петмина украински војници, а четворица се повредени, соопштуваат украинските вооружени сили.
Во соопштението се прецизира дека војниците загинале кај селото Кримск во луганската област и дека судирите траеле осум часа.
Украинската влада соопшти дека од јули досега ова е најголем број загинати војници.
ОБСЕ предупреди дека во источниот дел на Украина доаѓа до зголемување на насилствата и дека минатата недела е регистриран најголем број прекршувања на прекинот на огнот од средината на јуни.
Во судирите на украинските и проруските сили загинаа повеќе од 10.000 лица од 2014 година. Пред две години беше потпишан договор за прекин на огнот, кој помогна судирите да се намалат, но не и целосно да прекинат.
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели