Повторно активирана маршрутата на мигрантите преку Западен Балкан

Маршрутата на мигрантите преку Западен Балкан повторно е активирана и значително се зголемува бројот на нелегални мигранти кои се обидуваат преку регионот да стигнат до западниот дел на Европа. Босанскиот министер за безбедност Драган Мектиќ на прес-конференција во Сараево рече дека приливот на се поголем број мигранти е проблем за земјите од регионот и дека треба нешто да се преземе.
Тој смета дека клучниот проблем е пропустливоста на границата меѓу Албанија и Црна Гора, која треба да биде затворена што поскоро.
„Решението треба да се бара на границата меѓу Албанија и Црна Гора, или Албанија и Грција, бидејќи кога мигрантите ќе влезат на територијата на Западен Балкан, тоа станува сериозен проблем“, вели Мектиќ.
 

Извор: Макфакс

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели