Потпретседателот на Уругвај поднесе оставка

Монтевидео, 10 септември 2017 (МИА) – Потпретседателот на Ургугвај, Раул Сендик вчера поднесе оставка соочен со обвиненијата дека ги злоупотребил јавните фондови додека раководел со државната нафтена компанија „Анкап“.

Тој прво поднесе оставка на вонредниот состанок на владејачката партија Френте Амплио (ФА), а потоа го извести и претседателот на Уругвај, Табаре Васкез.

Партискиот Одбор за етика заклучи дека Сендик ги користел кредитните картички на „Анкап“ за купување на лични работи, вклучително книги и мебел.

Сендик беше директор на нафтената компанија од 2008 до 2009 и од 2010 до 2013 година.

Против него  до сега не е подигната кривична пријава. ми/08:52

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели