Поранешен советник на Трамп се сретнал со заменикот на Медведев

Поранешниот советник за надворешна политика за време на кампањата на претседателот на САД, Доналд Трамп, Картер Пејџ пред американскиот Конгрес денес призна дека имал контакти со висок руски функционер за време на посетата на Русија минатата година.
Пејџ работеше како неплатен советник, кој ја напушти кампањата на Трамп пред изборите, а пред Конгресот изјави дека на кратко се поздравил со заменик премиерот на Русија, Аркадиј Дворкович, кога бил во Русија.
– Тоа беше краток разговор. Не можам точно да се сетам на зборовите, но си посакавме се најдобро и тоа беше тоа, рече Пејџ одговарајќи на прашања за состанокот.
Демократите во Конгресот беа скептични во врска со неговото објаснување.
Адам Шиф, конгресмен од Калифорнија покажа емаил во кој што Пејџ напишал дека Дворкович во приватен разговор му рекол дека го поддржува Трамп и дека посакува да работат заедно.
Пејџ на тоа одговори дека разговорат траел помалу од 10 секунди.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели