Подготовки за откуп на тутун

 

 

Додека во пелагонискиот регион  привршува бербата на последната рака на тутунот од годинешната реколта, надлежните ги започнуваат подготовките за откуп на тутунот кој според законот може да почне на 15 ноември или најдоцна до 15 декември. Годинава  има помали количини на тутун, но со подобар квалитет, така што производителите се надеваат на повисока откупна цена од ланската

 

 

Додека тутунарите привршуваат со бербата на тутун надлежните институции ги почнаа подготовките за откуп на тутунот. Бербата на тутунот скоро во сите региони е завршена , освен во пелагонискиот регион каде тутунарите ја берат последната рака на тутун.

Годинава девет претпријатија склучија договори за откуп со тутунарите. Според договорите се очекува да се откупат над 26 000 тони тутун. Според првичните проценки  производството на тутун е намалено, но квалитетот е подобар во споредба од лани. Подобриот квалитет треба да донесе и подобра цена од ланската која изнесуваше 196 ден/кг предаден тутун.

 

 

Намалените приноси на тутун се должат на временските не прилики, како сушата и раните пролетни мразеви кои беа погубни за тутунскиот расад.

 

Годинава се пријавиле вкупно 28 320 производители на тутун на  14 132 ха површина. Тутунарите се надеваат дека зголемената побарувачка при постоење на подобар квалитет ќе им донесе поголема заработка.

 

Според законот стартот на откупот може да почне од 15-ти ноември или најдоцна до 15-ти декември, со услов претходно Министерството за земјоделство да им ги достави мострите за класите…

Од откупните претпријатија веќе има најава дека за претстојниот откуп парите се обезбедени.

Комисијата за верификација на мострите треба да ги изготви до 13-ти идниот месец по што откупот може да почне од 15-ти ноември.

 

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели