По паузата продолжува собраниската седница за избор на нов јавен обвинител

По паузата што собранискиот спикер ја закажа до 15 часот, ќе продолжи седницата на Собранието на којашто како петта точка на дневен ред е ставен предлогот на владата, Љубомир Јовески да биде избран за нов јавен обвинител на Македонија.
За збор се јави Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ кој ги потсети пратениците од владејачкото мнозинство дека во минатото биле жестоки противници на носење на закони во скратена постапка.
Кооридинаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев, истакна дека за три од седумте закони веќе било дискутирано уште кога тие ги предложиле како опозиција.
Пратениците ја усвоија потребата од донесување на седумте закони кои денеска беа на дневен ред – предлог законот за пензиско и инвалидско осигурување, законот за здравствено осигурување, законот за придонеси, законот за акцизи, законот за судскси совет, законот за заштита на сведоци, законот за советот за утврдување на факти.
В.М.
 
 
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели