Педесетина куќи оштетени од земјотресот во Црна Гора

Педесетина куќи се оштетени во денешниот земјотрес со јачина од 5.1 степен, кој ја погоди Црна Гора. Највеќе штети има во градот Плав, во чија близина бил и епицентарот на потресот, во близина на тромеѓето меѓу границите на Црна Гора, Албанија и Косово. За среќа, жртви во земјотресот не се регистрирани.
Но, за десетина семејства, чии домови не се безбедни за да се остане во нив, се бара алтернативно сместување.

Претседателот на Владата, Душко Марковиќ ги повика локалните, државните служби и институции да ги зајакнат активностите на терен и да им помогнат на сите загрозени семејства. Според тамошните медиуми, патот за Плав кој што беше затворен поради одрони предизвикани од земјотресот, повторно е пуштен за сообраќај.
 

Извор: Макфакс

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели