Папата Франциско крсти 34 бебиња во Сикстинската капела

Папата Франциско денеска во Сикстинската капела крсти 34 бебиња, а на нивните мајки им порача дека слободно можат да ги дојат своите бебиња за време на церемонијата која траеше повеќе од два часа.

Папата крстеше 18 женски и 16 машки бебиња, меѓу кои имаше и два пара близнаци. „Ако започнат концерт со плачење, или ако им е неудобно, претопло или пак се гладни – можете да ги доите, не плашете се, нахранете ги, бидејќи и тоа е јазикот на љубовта“, рече папата.

Жените во некои земји сè уште се мета на напади поради доењето на јавни места, поради што телевизиите на церемонијата прикажаа како дел од мајките ги хранат своите бебиња.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели