Папата Франциско го осуди терористичкиот акт во Египет

Папата Франциско го осуди терористичкиот напад извршен во Египет, нарекувајќи го нечовечки чин на суровост против невини цивили.
Во телеграмата испратена од државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пиетро Паролин, се истакнува дека Папата е тажен поради смртта на луѓето, кои се собраа на молитва во џамијата “Ер Роуд” во Северен Синај.
„Неговата Светост се приклучува кон сите луѓе со добра волја, молејќи се оние чиишто срца се полни со омраза, да научат како да се откажат од насилството кое води кон големи страдања и да застанат на патот кон мирот”, пишува во пораката.
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели