Паника во Лондон: Евакуирана метро-станица во центарот на градот

Лондонската полиција ги испитува пријавите на граѓаните за истрели на улицата „Оксфорд стрит“ и во метро-станица „Оксфорд сркс“, како и дека на инцидентот се гледа како можен терористички, објавија властите во британската престолнина.
– Полицијата беше повикана во 4:38 часот по локално време во врска со голем број пријави од граѓани за истрели на „Оксфорд стрит“ и во метро-станица „Оксфорд сркс“ – посочија во соопштението од лондонската полиција.
Би-би-си претходно извести дека на местото на настанот биле забележани луѓе кои бегаат и врескаат, а се слушнале и истрели.
Претходно беше соопштено дека метрото-станицата е затворена, патниците евакуирани, а граѓаните се замолени да го избегнуваат регионот.
Станица „Оксфорд сркс“ се наоѓа во срцето на трговскиот дел на Лондон, кој во моментов е особено фреквентен поради акцијата „Црн петок“.
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели