Османи на средба со Коѕијас

Делегација од Македонија предводена од шефот на секретаријатот за европски прашања и вицепремиер Бујар Османи, денеска е во официјална посета на Атина.

Планирани се неколку средби кои што Османи ќе ги има грчката престолнина. Но акцентот е ставен на  средбата со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас. Оваа официјална посета на шефот на секретаријатот за европски прашања е во насока на градење на мерките на доверба меѓу двете земји кои што би придонеле за конечно решавање на три деценискиот спор и ставање крај на она што стои на патот  на Република Македонија во интеграцијата кон Европската унија и НАТО. Средбата е планирана да се одржи во министерството за надворешни работи каде што е изложено и македонското знаме.

Инаку, она што се уште се шпекулира и во грчките, а и во македонските медиуми се трите предлози кои што неофицијално се брифирани од страна на грчки дипломати: северна, горна или нова Македонија. Но, се уште официјален предлог за името нема доставено медијаторот Метју Нимиц. Планирано е овој месец да има и нова средба помеѓу медијаторот Нимиц и преговарачите Наумовски и Василакис.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели