Оштетен дел од новогодишните украси во Охрид

Општина Охрид информира дека ноќеска паднала една од канделабрите до која беше поставен засебен столб, на кој беше монтирана дел од новогодишната опрема, поточно чадорите на потегот кон Чинарот.
„Нашите служби излегоа веднаш на терен и се пристапи кон санирање на овој проблем. Дополнително, ќе се пристапи и кон утврдување на причините кои доведоа до овој немил настан, во кој за среќа, нема повредени лица, а е причинета само материјална штета“, соопшти Општината.
Од таму додаваат дека по утврдувањето на причините јавноста ќе биде информирана.

Извор: Макфакс

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели