Општина Штип нема пари за исплата на плати на вработените

5, 2 милиони денари недостасуваат за исплата на октомвриската плата на општинската администрација и ЈП –ја „Исар“ и „Стипион“, информираше денес штипскиот градоначалник Благој Бочварски. Иако, неговиот претходник тврдеше дека на сметката му остава 4, 3 милиони денари, сепак, до примопредавањето на функцијата исплатил 1 милион денари кон една компанија.
– Поради таа состојба не можев и сеуште не можам да исплатам плата, затоа што нема доволно средства на сметката на општина Штип.-изјави Благој Бочварски, градоначалник на Штип
За исплата на околу 400 вработени во ЈП „Исар“  потребни се 9 милиони денари, но и таму состојбата е идентична.
– Во овој момент, на сметката на „исар“ за да се исплати плата фалат уште 3 милиони денари-изјави Бочварски
Вработените во ЈП „Стипион“, кои земаат плата преку општината, исто така немаат доволно средства за исплата на личен доход.
– Околу 1 милион денари фале за да се иплати плата на опшинската администрација и 1,2 милиони за „Стипион“, што значи дека тоа се вкупно 2,2 милиони денари-додаде Бочварски
Бочварски обвини за некоректно, неодговорно и несовесно однесување на претходното раководство и даде уверување дека најдоцна до 15-ти во месецот средствата за плати ќе бидат обезбедени, па ако е неопходно ќе се подигне и кредит.
Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Општина Штип нема пари за исплата на плати на вработенитеКатегорија: БизнисНовинар: Трајан Ристовски

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели