Општина Новаци ги промовираше капиталните проекти за 2018година

 

Рекуснтрукција на објекти, инфраструктурни проекти, екологија , јакнење на алтернативниот туризам е економски развој на општината. Ова се проектите што општина Новаци ги планира да ги реализира во текот на оваа година  со средства од буџетот како и со средства од меѓународна соработка преку ИПА фондовите.

Градоначалникот на општина Новаци Љубе Кузманоски на првата средба со новинарите за оваа година ги претстави планираните проекти што е предвидено да се реализираат на територијата на оваа општина. За реализацијата на вкупно 13 проекти планирано е да се потрошат средства  од буџетот на општината како и средства од ИПА фондовите.

За реконструкција на објекти и инфраструктурни  проекти општината од буџетот ќе потроши над 28 милиони денари.

Реконструкција и доградба на општинската зграда – вредност 5.000.000,00 денари и купување на опрема вредност 140 000 денари.

Реконструкција , одржување, асфалтирање и тампонирање на патишта и улици на територијата на општина Новаци секоја тековна година  согласно програмата за 2018 година – вредност 6.500.000,00 денари.

Реконструкција на училиштата во селата Горно Агларци, Бач и  Гермијан – вредност 2. 330. 000, 00 денари.

Изработка на проектна документација и урбанистички планови – вредност 5.100.000,00 денари.

Реконструкција на објекти на месни заеници и продавници во селата: Арматуш, Живојно, Далбеговци и Скочивир – вредност  6.300.000,00 денари.

Доизградба на капела во с. Новаци – 1.500.000,00 денари

Изградба на ракометно игралиште во с. Долно Агларци – вредност 1.600.000,00 денари

Реконструкција на водоводите во селата Мегленци и Старавина – вредност 3.000.000,00 денари.

Изградба на зелен појас – вредност 1.000.000,00 денари.

И оваа година општината ќе продолжи со реализација на проекти  како резултат на меѓународна соработка . Ќе се продолжи со подигнувањето на свеста за културното наследство во општина Новаци преку јакнење на алтернативниот туризам и локалниот економски развој.

Промотивниот настан ќе биде составен од различни активности и тоа: активности за подигнување на јавната свест, пешачење  до културно историски сајтови на територијата на општина Новаци, работилници, активности за чистење на околината , музички хепенинг, едукативни работилници , он сајт посета на учениците од ЦОУ „Славко Лумбарковски“ и сл. Овој проект општина Новаци ќе го реализира со партнерство на АЛДА а истиот е финансиран од Европска Унија – вредност 3000 евра од ЕУ и 4250 евра од АЛДА и општина Новаци.

Проект „ Одржливо менаџирање на агро отпад за загревање на рурални области“- Agrowchain од ИПА Програмата за прекугранична соработка Македонија- Грција 2014-2020 . Со овој проект сакаме да ја поттикнеме локалната заедница за поголема општествена одговорност и подобрување на условите за живот , заштита на животната средина. Преку овој проект ќе се набават различни видови опрема како на пример трактор, корпа за чистење на каналите и речните корита од вегетација, приколка , машина за балирање и котел за паарно греење кој ќе биде поставен во детската градинка. Земјоделските остатоци и вегетацијата од реките и каналите ќе бидат исушени, преработени и ќе се користат за   загревање на просториите во детската градинка ( 230 м2). Општина Новаци проектот ќе го реализираме во соработка со Агенцијата за поттикнување на земјоделството и руралниот развој од Битола и ДЕТЕПА; CRES и CLube  од Грција. Буџетот на општина Новаци изнесува околу 216 895 евра.

 

Во 2018 година ќе продолжи и соработката со општина Коломбел од Франција и АЛДА на тема Прва светска војна.Општината ќе продолжи да соработува со АЛДА на проект кој е во завршна фаза на техничка евалуација во вредност од 676 783 евра. Со овој проект е планирано да се реконструира основното училиште во Скочивир и негова пренамена во сместувачки капацитети, реконструкција на 6-те живеалишта ровови од Прва светска војна кои се наоѓаат во Мегленци кота 1050, целосна реконструкција и адаптација на поранешното училиште во с. Градешница и негова пренамена во музеј на Прва светска војна, мапирање на линијата на фронтот и соодветно означување и обележување, серија работилници на домашни и странски експерти на тема Прва светска војна.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели