Опожарен „мерцедес“ во Аеродром

Автомобил „мерцедес“ бил опожарен рано утринава во скопската населба Аеродром. Причините засега не се познати.
Според информациите на МВР, утринава во 06,45 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на булевар Јане Сандански, позади Трговскиот центар „Капитол“ било опожарено возило „мерцедес“, сопственост на правно лице.
Од пожарот бил оштетен задниот дел од возилото. Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.
Извор: Макфакс

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели