ОН: Влошена состојбата во мигрантските кампови во Либија

Условите за живот во камповите за мигранти во Либија се влошени и нехумани, оценува високиот комесар на Обединетите нации за бегалци, Зеид Раад ал Хусеин. Тој ја критикуваше ЕУ за договорот постигнат со либиските власти за затворање на медитеранската мигрантска рута.
– Меѓународната заедница не смее да продолжи да ги затвора очите пред ужасните сцени кои ги преживуваат мигрантите во Либија и да вели дека состојбата може да се поправи само со подобрување на условите во камповите, изјави Ал Хусеин.
Со договорот меѓу ЕУ и Либија, на либиските власти им се дава помош за запирање на бродовите со бегалци и мигранти кои од Либија се упатуваат кон Италија.
Од јануари до ноември 2017 година околу 157.000 бегалци и мигранти пристигнале во Европа по оваа морска рута, а 3.000 лица се удавија во обидот да стигнат од Либија до Италија. Во 2016 година дури 341.000 бегалци и мигранти стигнаа во Европа преку медитеранската рута.
Во Либија во моментов во кампови престојуваат околу 20 илјади лица, што е трипати повеќе од септември.

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели