Ограбена црква во Аеродром

Шест илјади денари биле украдени од црквата „Рожденство на пресвета Богородица“ во Аеродром. Според информациите на МВР, крадецот насилно ја отворил влезната врата.
„Вчера во 08,30 К.С. пријавила дека во црквата ‘Рожденство на пресвета Богородица’ во населба Аеродром во Скопје, од страна на непознат сторител со употреба на физичка сила насилно била отворена влезната врата од црквата при што било влезено внатре и од олтарот кој се наоѓа во средишниот дел на црквата биле одземени околу 6.000 денари“, соопшти МВР.
Полицијата работи на расчистување на случајот.
Извор: Макфакс

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели