Одобрена екстрадицијата на Грујевски и Бошковски

Советот на судии во Солун, денеска одлучи, Никола Бошковски и Горан Грујески да бидат екстрадирани во Македонија.

Според солунскиот портал Вориа, јавува дописникот на МИА од Атина, веднаш по објавувањето на пресудата, двајцата обвинети, поднеле жалба против одлуката на судот, за случајот да го разглед Врховниот суд во Атина.

И соопштувањето на одлуката, исто како и сослушувањето беше зад затворени врати.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели