Одложено судењето за „Тотал“, адвокатите на Латас бараа судот да ги снима судењета

По барање на двокатите на Драган Павловиќ Латас, судењето за „Тотал“ беше одложено. Тие побараа и повеќе столчиња за адвокатите на одбраната.
Судијката Софче Гаврилова Ефремова рече дека во судницата, во која се одржуваше рочиштето, не постојат технички можности за такво снимање и од тие причини записниците се водат компјутерски.
На почетокот на судењето, по барање одбраната на Латас, судот не дозволи снимателите во судницата да направат инсерти иако имаа уредна дозвола.
Во случајот „Тотал“ е обвинет новинарот и бизнисмен Драган Павловиќ – Латас заедно со три фирми: „Тотал маркетинг“ ДООЕЛ, „Тотал медија центар“ и „Медијамакс“, во кои тој се јавува како сопственик или управител.
Според обвинението, Латас во периодот од 2008 до 2015 година одбегнал плаќање данок. Тој и правните лица давале лажни податоци за даночните обврски – фирмите не плаќале данок, а обвинетиот и самиот одбегнал да плати данок. Латас како управител на компаниите ја намалил основицата за данок и не пријавил лични приходи. Тој набавката на опремата за себе ја евидентирал како опрема за фирмите, иако во фирмите немало вработени лица, односно во една фирма имало само еден вработен. Овие средства биле евидентирани како основни средства и тековни трошоци, а Латас ја намалил обврската и по основа на ДДВ. Износот за добра и набавени услуги осомничениот не го пријавил во годишната даночна пријава.
В.М.
Извор: Макфакс

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели