Одложен протестот на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ го одложи за на 3ти декември протестниот собир пред Влада којшто беше најавен за вечерва во 19 часот.
Претхоно, ченови на ВМРО-ДПМНЕ на своите профили на Фејсбук најавија дека ќе се протестира по неколку точки, меѓу кои малтретирањето на Темелко во затвор, законот за двојазичност и Договорот за добросоедство со Република Бугарија.
Во текот на денот Кривичниот суд му ја укина мерката притвор на Темелко и му ја замени со куќен притвор.
Засега нема официјален одговор од опозицијата зошто се одложени протестите.
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели