Од секс симболи до пластични лица: Славни мажи кои претераа со естетските корекции

Некогаш, тие беа презгодни фраери по кои воздивнуваа девојките ширум светот.  Денес, пак, се само тажен пример за тоа колку пластичната хирургија може да ве изобличи, доколку немате мера со операциите.

od-seks-simboli-do-plastichni-lica-slavni-mazhi-koi-preteraa-so-estetskite-korekcii-1.jpg

Иако во медиумите многу повеќе се говори за естетските корекции на славните дами, тоа не значи дека и нивните колеги од посилниот пол не се подложуваат на слични третмани за подмладување или разубавување. Напротив.

Мноштво познати мажи не успеаа да ѝ одолеат на магијата на пластичната хирургија. Притоа – претераа.

Повеќето жени ќе ја потврдат веродостојноста на старата изрека, која вели дека мажите се како виното. Колку се постари, толку се подобри. А, нема ништо посексапилно од маж што достоинствено старее.

Меѓутоа, се чини дека  некои од фаталните заводници во 80-тите, сепак не го делат истото мислење:

Аксел Роуз

Фронтменот на групата Guns N’ Roses важеше за вистински секс симбол, а во зенитот на популарноста имаше милиони обожавателки ширум светот. Но, по сѐ изгледа, тој не знаеше како да се носи со годините.

od-seks-simboli-do-plastichni-lica-slavni-mazhi-koi-preteraa-so-estetskite-korekcii-2.jpg

Во 2006-та година, за првпат почна да се шушка дека славниот музичар не ѝ одолеал на пластичната хирургија, кога во јавноста се појави со сомнително мазно и младолико лице.

Водечките пластични хирурзи во Холивуд, заклучија дека таквата промена може да се случи исклучиво благодарение на лифтинг, односно затегнување на лицето.

od-seks-simboli-do-plastichni-lica-slavni-mazhi-koi-preteraa-so-estetskite-korekcii-3.jpg

Денес, Аксел има 55 години, но на лицето и понатаму нема ниту една брчка, што посебно доаѓа до израз во тек на неговите концерти.

Иако рокерот не се воздржува од правење гримаси, лицето му е статично, без траги од мимични брчки.

Експертите тврдат дека за тоа се заслужни третманите со ботокс и филери.

od-seks-simboli-do-plastichni-lica-slavni-mazhi-koi-preteraa-so-estetskite-korekcii-4.jpg

Мики Рурк

Мики Рурк е уште еден некогашен убавец, кој доминира на листата за славни мажи што претераа со естетските корекции.

Мотивите се и повеќе од очигледни.

od-seks-simboli-do-plastichni-lica-slavni-mazhi-koi-preteraa-so-estetskite-korekcii-5.jpg

Светска слава му донесе улогата во еротската драма „Девет и пол недели“.

Оттогаш, толку многу го промени личниот опис, што изгледа како сосема друга личност.

Екстензиите во косата, реконструкцијата на носот и затегнувањето на кожата, претставуваат само дел од причините за ваквата трансформација.

od-seks-simboli-do-plastichni-lica-slavni-mazhi-koi-preteraa-so-estetskite-korekcii-6.jpg

После многубројните пластични операции, познатиот холивудски актер доживеа нови подеми во кариерата.

Сепак, неговите обожавателки ни денес не можат да го прежалат старото, привлечно лице на неодоливиот заводник.

od-seks-simboli-do-plastichni-lica-slavni-mazhi-koi-preteraa-so-estetskite-korekcii-7.jpg

Реј Лиота

Неговиот маркантен лик му помогна да ги добие најдобрите улоги во кариерата, но по сѐ изгледа, најголема желба на Реј Лиота беше што повеќе да го измени.

od-seks-simboli-do-plastichni-lica-slavni-mazhi-koi-preteraa-so-estetskite-korekcii-8.jpg

Наспроти продорните сини очи, актерот цел живот води борба со лузните на лицето, кои му се последица од акни во младоста.

Меѓутоа, во намерата да има совршено лице и изгледа младолико, тој сепак претера.

od-seks-simboli-do-plastichni-lica-slavni-mazhi-koi-preteraa-so-estetskite-korekcii-9.jpg

На крај, ниту со ботокс и корекции на лицето, не го постигна посакуваниот резултат. А, поради пречестите посети на пластичен хирург, сега делува изобличено.

od-seks-simboli-do-plastichni-lica-slavni-mazhi-koi-preteraa-so-estetskite-korekcii-10.jpg

Жан-Клод ван Дам

Жан-Клод ван Дам мамеше воздишки со своето мускулесто тело и исклучителните боречки вештини, како херој во мноштво акциони филмски хитови од 80-тите и 90-тите.

Но, ниту тој не е бестрашен, барем кога е староста во прашање.

od-seks-simboli-do-plastichni-lica-slavni-mazhi-koi-preteraa-so-estetskite-korekcii-11.jpg

Ван Дам и понатаму е во солидна физичка форма.

Но, обидувајќи се да го одржи лицето во склад со изгледот на неговото тело, актерот направи неколку естетски корекции, меѓу кои лифтинг и операција на oчните капаци.

od-seks-simboli-do-plastichni-lica-slavni-mazhi-koi-preteraa-so-estetskite-korekcii-12.jpg

За жал, резултатот не изгледа ни малку добро, а неговото лице не само што не е затегнато, туку не е ниту приближно на неговите очекувања.

od-seks-simboli-do-plastichni-lica-slavni-mazhi-koi-preteraa-so-estetskite-korekcii-13.jpg

Силвестер Сталоне

Легендарниот Сталоне е уште една голема ѕвезда на акционите филмови.

Публиката најповеќе го препознава по улогите во серијалите „Роки“ и „Рамбо“, а се чини дека тој максимално се труди да ги избрише годините кои поминаа од нивното појавување.

od-seks-simboli-do-plastichni-lica-slavni-mazhi-koi-preteraa-so-estetskite-korekcii-14.jpg

За да изгледа помладо, 71-годишниот актер редовно добива инјекции со ботокс, а покрај затегнувањето, има направено и повеќе промени на лицето, како подигнување на веѓитеоперација на очните капацикорекција на вилицата, итн.

od-seks-simboli-do-plastichni-lica-slavni-mazhi-koi-preteraa-so-estetskite-korekcii-15.jpg

Иако не изгледа лошо за своја возраст, сепак – во сѐ треба да се има мера, зар не?

od-seks-simboli-do-plastichni-lica-slavni-mazhi-koi-preteraa-so-estetskite-korekcii-16.jpg

Извор – http://www.crnobelo.com/

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели