Обвинетите за 27 април се во депресија и бањи

Обвинителот Момир Маричиќ од Обвинителството за организиран криминал и корупција на седница на Апелациониот суд во Скопје побара да остане мерката притвор за Борис Дамовски. Вели, само на тој начин ќе се осигура неговото присуство во постапката. „Дамовски е еден од главните обвинети во овој предмет“, рече Маричиќ.
„Сега сите се болни, на лекување, во депресија, на бањи…“, рече обвинителот.
Адвокатот Миле Петровски кој го брани Дамовски побара да му се укине притворот, бидејќи како што рече се јавил уредно во полициска станица и бил дома кога бил направен претресот.
Апелациониот суд на јавни седници ќе расправа по жалбите на 5 обвинети за настаните од 27 април на кои кривичниот совет им го замени куќниот притвор со притвор.
В.Маглешов
 
Извор: Макфакс

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели