НВО Инфоцентар: Недозволиво е Собранието да не ги усвои препораките на Прибе за Народниот правобранител!

„НВО Инфоцентарот изразува големо незадоволство и разочараност од фактот што Собранието на Република Македонија, заради недоволен број присутни пратеници, не ги усвои препораките на Прибе кои се однесуваат на Народниот правобранител односно на заштитата на човековте права во државава.
Народниот правобранител е најважната и клучна независна државна институција која треба да ги промовира, штити и унапредува човековите права на граѓаните во Република Македонија.
Додека Прибе го препозна и нагласи значењето на Народниот правобранител, Собранието потфрли односно одби да ја задолжи Владата да ги подобри состојбите во сферата на човековите права со конкретни мерки.
Држава која претендира да биде демократска и да стане дел од Европската унија мора да ги преземе сите мерки и активности за заштита и унапредување на човековите права.
Оттаму, бараме Собранието да ги консолидира своите редови и во најкраток можен рок да ја поправи нанесената штета односно да ги усвои препораките на Прибе“, се вели во соопштението на НВО Инфоцентарот.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели