Никогаш не се откажувајте од вашите соништа: Приказната за основачот на Victoria’s Secret

Во средината на ’70-тите, еден човек по име Рој Рејмонд влегол во една продавница да купи долна облека за својата сопруга. Целата ситуација му била неверојатно неудобна.

nikogash-ne-se-otkazhuvajte-od-vashite-sonishta-prikaznata-za-osnovachot-na-victorias-secret-01.jpg

Сè што успеал да најде биле некои ноќници со цветни дезени кои воопшто не му се допаѓале, а и жената која продавала го третирала како да е некој перверзен човек.

Сепак, ова неудобно патување до женскиот дел од продавницата за долна облека, колку и да било неудобно, го инспирирало да ја измисли идејата за еден од најпрепознатливите и најпопуларните брендови во светот – Victoria’s Secret.

Почетоците на Victoria’s Secret

По неговата неудобна посета на продавницата за долна облека, Рој Рејмонд имал еден еурека момент. Разговарал со некои негови машки другари и сфатил дека постои голема можност за успех во индустријата со женска долна облека.

Не постоело ниту едно место каде што мажите можеле да купат долна облека без да се чувствуваат неудобно, а Рејмонд сакал да го промени ова.

Неговата идеја била да отвори елегантна продавница за долна облека каде што мажите ќе се чувствуваат удобно кога ќе купуваат, а тајмингот бил совршен.

Во ’50-тите и ’60-тите години, женската долна облека не била дизајнирана да биде секси. Фокусот бил на тоа долната облека да биде практична и евтина.

Сензуалната долна облека не доаѓала во прашање. Жените купувале секси и модерна долна облека само кога оделе на меден месец, а брендот Victoria’s Secret целосно ја променил оваа навика, кога Рој Рејмонд ја основал во 1977-ма година.

Името било одлично бидејќи ја опишувало неговата цел – тој сакал неговиот бизнис да биде поврзан со пристојноста и почитта што го асоцирало на Викторијанската ера, а Secret (тајна) значело дека тајните на жените биле скриени под долната облека.

Сакал продавницата да биде место каде што сексуалноста не е табу тема и долната облека е забавна.

zosto-nikogas-ne-treba-da-se-otkazete-od-vasite-sonista-prikaznata-za-vistinskiot-osnovac-na-viktorija-sikret-4.jpg

Успехот и падот на компанијата

Тајната на успешните бизниси е во тоа да се пронајде дупка во пазарот и да се пополни. Рој Рејмонд успеал да изгради мала империја затоа што го разбрал тоа. Идејата на Рејмонд била револуционерна, па во првата година компанијата заработила 500.000 долари.

Но како што веќе знаеме од историјата, дури и најголемите империи паѓаат ако не ги направат потребните промени.

За еден бизнис да биде успешен во првите години, мора да има специфичен пазар кој ќе го таргетира. Но на долга патека сепак, преголемата специфичност може да го уништи бизнисот.

Не треба да бидете затворени во една кутија и да бидете достапни само за одреден тип на луѓе, туку секогаш ќе сакате да го проширите пазарот.

Во 1982 година, компанијата заработувала повеќе од 4 милиони долари годишно, а истовремено доаѓала сè поблиску до банкрот. Нешто недостасувала, но Рој Рејмонд не можел да сфати што.

Во исто време, еден човек по име Лесли Векснер влегол за првпат во Victoria’s Secret. Тој бил бизнисмен и многу брзо сфатил што недостасува во бизнисот на Рејмонд.

Бизнисот бил премногу сконцентриран на тоа да ги услужи мажите и не успевал да привлече доволно жени поради тоа. Каталогот и продавницата биле направени со цел да го привлечат машкото внимание.

Точно е дека Victoria’s Secret на почеток била создадена за мажи, но Рејмонд не успеал да сфати колку тоа ќе му наштети во иднина ако не направи промена.

Векснер сфатил колку жените сега се чувствуваат неудобно во продавницата, исто како што порано се чувствувале мажите.

Со други зборови, Рејмонд имал одлична идеја, но не знаел како да ја развие. Не успеал да види можности подалеку од границите на неговата идеја и не успеал да сфати што всушност купувачите посакуваат.

zosto nikogas ne treba da se otkazete od vasite sonista prikaznata za vistinskiot osnovac na viktorija sikret 3

Векснер го согледал потенцијалот на Victoria’s Secret и го купил бизнисот од Рејмонд за 1 милион долари во 1982 година. Ја зел првичната идеја на Рејмонд и направил голема империја, бизнис кој во исто време го сакаат и мажите и жените.

Целосно го променил каталогот, најмил прекрасни и елегантни модели кои ќе ги красат страниците на истиот, ги направил продавниците помодерни, светли и енергични и направил атмосфера во која мажите ќе сакаат да ги гледаат каталозите, а жените ќе обожаваат да ги носат моделите што се продаваат во продавниците.

Векснер успеал купувањето долна облека да го направи како купување највообичаени секојдневни работи и веќе во 1955-та година, брендот Victoria’s Secret вредел 1,9 милијарди долари и имал над 670 продавници.

Денес, бизнисот на Векснер прерасна во успешен глобален бренд. Целосната екстраваганција и популарност на брендот може да се воочи во раскошните модни шоуа на Victoria’s Secret.

Во моментот Лесли Векснер вреди околу 6 милијарди долари и непотребно е да се потенцира колку добра одлука донел со тоа што го купил бизнисот на Рој Рејмонд.

nikogash-ne-se-otkazhuvajte-od-vashite-sonishta-prikaznata-za-osnovachot-na-victorias-secret-003.jpg

zosto nikogas ne treba da se otkazete od vasite sonista prikaznata za vistinskiot osnovac na viktorija sikret 5

Трагичниот крај на Рој Рејмонд

Откако Рејмонд ја продал компанијата на Лесли Векснер, отворил продавница за детска облека. Продавницата банкротирала во 1986-та година. Некое време после тоа, Рејмонд се развел од сопругата.

Трагично во 1993-та година, Рејмонд си го одзел животот скокајќи од големиот мост во Сан Франциско. Приказната на Рој Рејмонд покажува како една голема можност може да ви биде во раце, а сепак да ја испуштите.

Тој се откажал од идејата кога работите станале тешки, иако веќе го имал почувствувано успехот. Во природата и во бизнисот, адаптацијата на промените е пресудна за преживување.

Многу е тажно што Рејмонд си го одзел животот, но може да се претпостави дека љубовта, неуспехот и парите се главни виновници кога станува збор за вакви трагични случки.

Не мора да значи дека милијардите што сега ги има компанијата би го спречиле да го направи фаталниот избор. На крај, сепак парите не купуваат среќа, меѓутоа откажувањето од вашите соништа може да биде смртоносно.

Понекогаш е полесно да си признаеме дека сме згрешиле и да си ја поправиме грешката, отколку да живееме живот во каење.

nikogash-ne-se-otkazhuvajte-od-vashite-sonishta-prikaznata-za-osnovachot-na-victorias-secret-005.jpg

Извор – http://www.crnobelo.com/

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели