Невреме со силни ветрови ја зафати Хрватска

Невреме со силни ветрови ја зафати Хрватска

Далмација во Хрватска е под удар на ветрови со огромна сила исто како бура, пренесуваат хрватските медиуми. Синоќа била измерена брзина на ветрот од дури 137 километри на час поради што некои медиуми го опишуваат невремето како да е ураган.

Поради невремето, забалежани се и повеќе материјални штети. Ветрот во Сплит корнел дрвја, носел контејнери, а урнат е и столб за осветление. Од паднатите дрвја оштетни се голем број автомобили, пренесува „Индекс.хр“. Засега, за среќа, нема повредени, а метеоролозите предупредуваат дека невремето ќе се задржи во наредните денови.

Извор – http://makfax.com.mk/

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели