Нетанјаху: Одлуката на Трамп за Ерусалим е историска

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја оквалификува како „историска“ одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел.
Ваквата реакција следи откако американскиот претседател рече дека е време Ерусалим да биде признат за главен град на Израел. Денешната објава, според Доналд Трамп, го одбележува почетокот на нов приод кон конфликтот меѓу Израел и палестинците. Во 1995 година, Конгресот усвои акт со кој се побара федералните власти да ја преместат Амбасадата во Ерусалим и да го признаат тој град за престолнина на Израел. Овој акт беше усвоен со големо мнозинство.
Извор: Макфакс

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели