Нема нови давачки во Преспанско Пелагониска Православна  епархија

 

 

Веста за воведување на нова давачка за фотографирање и снимање во верски објект  предизвика  лавина од реакции кај верниците. За сега оваа давачка е најавена само во Вардарската епархија, во Преспанско Пелагониската Православна епархија не се размислува за воведување на таква давачка.

 

За фотографирање 500 ден, а за видео снимка 1000 ден. ова се новите давачки што ќе ги наплаќа Повардарската  епархија  за венчавка во верските објекти. По објавувањето на  информацијата по медиумите се јавија бројни реакции од страна на граѓаните. При тоа се поставува прашањето  дали ваква давачка ќе се воведе и во останатите православни епархии во државата?

ТВ Орбис се обрати до Преспанско  Пелагониската Православна Епархија. На прашањето, дали ќе се наплатува за фотографирање и снимање на венчавки во верските објекти на оваа епархија , во телефонскиот разговор ни беше речено дека не се размислува за воведување  на ваква давачка. Оттаму не ја коментираат одлуката на Вардарската Епархија со образложение дека секој си има свое право на размислување.

Освен верниците на новата одлука, како што објавува ТВ 21 реагираат и од Здружението  на сниматели и фотографи од велешкиот регион. За нив тоа е несфатливо и сметаат дека при самата наплата ќе има прекршување на законите.

Доколку се спроведе одлуката тоа би значело дополнително оптоварување на буџетот на оние кои се венчаваат  , која сума што треба да се плати в црква и не е така мала.

Добро упатените  во оваа проблематика сметаат дека ваквите нови давачки само ќе го зголемат револтот кај верниците и дека материјалното преовладува пред духовното.

Во време кога има голема криза, верниците негодуваат и потсетуваат дека во црква би требало да се остава дар секој колку што ќе може , а не да се поставуваат некои ценовници. Граѓаните секогаш негодуваат кога се воведуваат нови давачки или се зголемуваат тарифите на постојните ценовници. Велат секое чудо за три дена , но верниците од пелагониската епархија се сеќаваат на воведувањето на новите тарифи од пред неколку години кога за крштевање на вода и за помен на умрените наместо тогашните 100 се почна  со  плаќање 150 ден.

Некои сметаат дека новите ценовници во црквите значи оддалечување на верниците од религијата, но можеби е тоа само на прв поглед . Сепак верниците ги има по храмовите.

 

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели