Нема да има нови избори во Германија, Шулц ќе седне на маса со Меркел

Германија е чекор поблизу до решавање на политичката криза во земјата откако Германската социјалдемократска партија (СПД) се согласи да преговара со канцеларката Ангела Меркел. Земјата со најмоќната економија во Европа беше зафатена од политички превирања откако прелиминарни преговори пропаднаа за коалиција меѓу конзервативците на канцеларката, либералите од Слободната демократска партија (СВДП) и Зелените.
„Ние нема да создаваме пречки само поради самите пречки”, рече лидерот на СДПМ, Мартин Шулц, откажувајќи се од својот досегашен став дека неговата партија ќе оди во опозиција. Тој, сепак, додаде дека за сегашната ситуација нема „автоматски“ решенија – кои може да се изразат во форма на коалиција или поддршка за малцинска влада, и рече дека пред да бидат преземени дејствија, мора прво да се добие одобрување на раководството на партијата.
На германските парламентарни избори на 24 септември конзервативниот блок на Меркел заврши на првото место, но со рекордно ниски резултати. Така, без јасно мнозинство, канцеларката мораше да ја побара коалициската поддршка на СДС и на Зелените. Сепак, прелиминарните разговори меѓу нив не успеаја, пред сè поради разликата во ставовите за миграцијата, климата и европската политика.
Во моментов Меркел има неколку варијанти пред себе освен нови избори. Да ѝ предложи нова широка коалиција на партијата СПД или да поведе малцинска влада, најверојатно со Зелените, надевајќи се на поддршката на социјалдемократите.
Шулц повеќе пати ја отфрли можноста за учество во владата на Меркел, но се соочува со се поголемиот притисок од страна на својата партија да се спречи продолжување на политичката криза.
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели