Не им е пресуден изгледот: Славни убавици со помалку атрактивни партнери

Љубовта не познава граници. Убавината е во окото на набљудувачот, а вкусовите се различни. Понекогаш, пак, спротивностите навистина се привлекуваат. А, дека физичките атрибути не се одлучувачки, барем кога е изборот на партнер во прашање, сведочат врските на повеќе познати дами.

ne-im-e-presuden-izgledot-slavni-ubavici-so-pomalku-atraktivni-partneri-1.jpg

Кога славната британска манекенка и писателка Софи Дал се заљуби во музичарот Џејми Калум, многумина останаа вчудовидени.

Tаа има 183 сантиметри, а тој само 164 сантиметри. Поточно, ги „делат“ цели 19 сантиметри разлика во висината.

„Ние сме две личности кои кои се запознаа, лудо се вљубија и веројатно ќе имаат деца со просечна висина. Се надевам дека ќе ги наследат неговите елегантни стапала, а не моите. Чудно ми е што луѓето се фокусираат на нашата разлика во висината. Но, кога си вистински среќен, тогаш не ти е грижа за тоа.“, кажа Софи во една прилика.

ne-im-e-presuden-izgledot-slavni-ubavici-so-pomalku-atraktivni-partneri-2.jpg

Двојката е заедно повеќе од една деценија, а се запознале на хуманитарен настан.

„Почнавме да зборуваме за книгите што обајцата ги сакаме. Таа беше вистински книгохоличар и баш добро се сложувавме. Но, ниту на секунда не помислив дека би била заинтересирана за мене. Претпоставив дека во нејзе се вљубува секој што ќе ја запознае, а дека за мене нема место, па се правев кул. Тогаш живееше во Њујорк и имаше дечко. Шест месеци подоцна, таа ја прекина врската, се врати во Англија и тогаш нашето пријателство прерасна во нешто повеќе.“ , го опиша Џејми почетокот на нивната врска, која во 2010 година беше крунисана со брак.

Денес живеат во мало британско селце и имаат две ќеркички.

ne-im-e-presuden-izgledot-slavni-ubavici-so-pomalku-atraktivni-partneri-3.jpg

Дали е изненадување фактот што една висока и расна жена му го подари срцето на низок и ситен маж со просечен изглед?

За оние кои им робуваат на предрасудите – да. Другите, пак, веројатно веќе знаат дека изгледот не игра најважна улога при изборот на животен сопатник.

Од врските кои им пркосат на стереотипите, при што дамата е позната убавица, а нејзиниот партнер не е „фраер“ во класичнa смисла на зборот, ви ги издвојуваме следните:

Кејт Бланшет и Ендру Аптон

ne-im-e-presuden-izgledot-slavni-ubavici-so-pomalku-atraktivni-partneri-4.jpg

Елизабет Бенкс и Макс Ханделман

ne-im-e-presuden-izgledot-slavni-ubavici-so-pomalku-atraktivni-partneri-5.jpg

Лесли Ман и Џуд Апатоу

ne-im-e-presuden-izgledot-slavni-ubavici-so-pomalku-atraktivni-partneri-6.jpg

Кристина Хендрикс и Џефри Аренд

ne-im-e-presuden-izgledot-slavni-ubavici-so-pomalku-atraktivni-partneri-7.jpg

Бијонсе и Џеј Зи

ne-im-e-presuden-izgledot-slavni-ubavici-so-pomalku-atraktivni-partneri-8.jpg

Ајла Фишер и Саша Барон Коен

ne-im-e-presuden-izgledot-slavni-ubavici-so-pomalku-atraktivni-partneri-9.jpg

Тина Феј и Џеф Ричмонд

ne-im-e-presuden-izgledot-slavni-ubavici-so-pomalku-atraktivni-partneri-10.jpg

Салма Хајек и Франсоа Пино

ne-im-e-presuden-izgledot-slavni-ubavici-so-pomalku-atraktivni-partneri-11.jpg

Џулија Робертс и Дени Модер

ne-im-e-presuden-izgledot-slavni-ubavici-so-pomalku-atraktivni-partneri-12.jpg

Софи Дал и Џејми Калум

ne-im-e-presuden-izgledot-slavni-ubavici-so-pomalku-atraktivni-partneri-13.jpg

Извор – http://www.crnobelo.com/

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели