НДМ: Заев да одговара на прашања и од вонпарламентарните партии

Народно движење за Македонија ја поздравува посветеноста на премиерот Заев и министрите за исцрпните одговори на вчерашната прва собраниска седница за пратенички прашања како и барањето на владата покрај редовниот месечен термин да има и неделни пратенички прашања.
„Оттука, во функција на натамошно усовршување на парламентарната демократија, НДМ го повикуваме премиерот Заев да побара и вонпарламентарните партии што учествувале на парламентарни избори да поставуваат прашања во Собранието. Земајќи предвид дека Заев за време на двегодишната криза во земјата почесто се дружеше и со британскиот амбасадор Чарлас Гарет, би било добро Заев да го консултира Гарет за воведената практика во британскиот парламент да поставуваат прашања и вонпарламенатрни партии“, велат од НДМ.
Според нив, предложеното решение не би претставувало некој посебен технички проблем и за негова реализација не се потребни буџетски средства.
„Вонпарламентарните партии се активни чинители во политичкиот живот и освојувале и околу 90.000 гласови со што носат одговорност за состојбите во земјата заради што е потребно пренесување на барањата и на гласачите на вонпалрмаентарните партии преку воведување на демократски институт-прашања од вонпарламентарните партии“, велат од НДМ.
 
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели