Наследникот на Саудиската круна: Ќе ги избришеме терористите од светот

Престолонаследникот на Саудиска Арабија, принцот Мохамед бин Салман, кој е и министер за одбрана, рече дека ќе ги прогонуваат терористите додека не ги избришат од лицето на светот.
Принцот на Ријад го изјави ова за време на првата седница на новоформираната Муслиманска коалиција за борба против тероризмот, во која учествува вкупно 41 сунитска земја.
„Во последниве години, тероризмот делуваше на територијата на сите земји, но тоа ќе заврши од денеска “, изјави Мохамад бин Салман.
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели