На авион на „Ер Србија“ му отпаднал дел додека бил во воздух

Авион на „Ер Србија“, кој летал од Софија кон Белград, морал да се врати во Бугарија поради тревога која била прогласена непосредно по полетувањето.
Бугарските надлежни служби навеле дека дел од леталото испаднал во текот на летот. Пилотот во согласност со процедурите одлучил да се врати на пистата 20-тина минути по полетувањето.
Инцидентот се случил на 26 ноември, а како што неофицијално дознава Б92 не бил сериозен и немало опасност за патниците и екипажот.
Како што пренесува порталот „Авиејшн хералд“, во авионот набргу по полетувањето се слушнал звук од задниот дел. Се наведува дека бугарското тело за инциденти во авионскиот сообраќај оценило дека е во прашање сериозен инцидент, како и дека во тек е истрага.
Извор: Макфакс

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели