МВР ќе префрли 10 милиони денари за една плата и репроматеријали на „Еурокомпозит“

– Владата на денешната седница донесе одлука Министерството за внатрешни работи да префрли 10 милиони денари на сметката на прилепската фабрика „Еурокомпозит“ со цел исплата на една плата на вработените и набавка на репроматеријали за да продолжи работењето на овој капацитет.
Од Владата информираат дека е одлучено МВР, во рамки на договорот со Друштвото за производи со посебна намена „11 Октомври-Еурокомозит“ АД Прилеп, во државна сопственост, да го реализира заклучокот од седницата на Владата од 19. минатиот месец кој се однесуваше на информацијата за изнаоѓање решение за состојбите во оваа фабрика

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели