Мурињо на „излезна врата“ од Олд Трафорд

Еден од најдобрите фудбалски тренери и предводник на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо е незадоволен во неговиот клуб. Во последните неколку натпревари неговиот тим бележи слаби резултати, а португалскиот менаџер не е задоволен од рабоата на управата на клубот. Според локалните медиуми, Мурињо размислува да си замине од „црвените ѓаволи“ и тоа една година пред истекот на договорот.
 
– Не сум сигурен дека кариерата ќе ја завршам тука, изјави Мурињо.
 
Една од причините за незадоволството е и тоа што Манчестер Јунајтед летово потроши 150 милиони фунти за транфсери, а лидерот на Премиер лигата Манчестер Сити 220 милиони фунти. Тоа е и една од причините зошто и Манчестер Сити е прв на табелата со осум бодови повеќе од Јунајтед.
 
Мурињо како засилувања ги посакуваше Иван Перишиќ, Нејтан Даер и Герет Бејл, како и Антоан Гризман, но управата не успеа да ги обезбеди.
 
Мурињо последната титула шампион во национално првенство ја има освоено во сезоната 2014/2015, а лани со Манчестер Јунајтед победи во Лига Европа на УЕФА.
 
Како можна следна дестинација на Мурињо се споменува екипата на ПСЖ, која пак сака да го смени својот тренер Унаи Емери.    

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели