Мугабе плачел откако ја поднел оставката

Поранешниот претседател на Зимбабве, Роберт Мугабе плачел откако ја поднел оставката по 37 години владеење и се жалел на предавство од неговите офицери.
„Гледаше во земја и рече ‘Луѓето се камелеони’“, изјави неименуван извор, пренесе Ројтерс.
Близок пријател на Мугабе, Фиделис Муконори, кој присуствувал на потпишувањето на оставката изјави дека лицето на Мугабе „горело“.
Новиот претседател на Зимбабве, Емерсон Мнангагва, пред два дена ја презеде должноста.
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели