Можности за финансиска помош при отворање работни места

Можностите за финансиска поддршка за отворање нови работни места преку мерките и програмите за бизнис секторот, во делот на мали и средни претпријатија, кои се дел од Оперативниот план на активни програми и мерки за вработување за 2017 година, беа презентирани денеска пред претставниците на Стопанската комора на Македонија.
– Мерките се однесуваат на унапредување на можностите за работа во овие мали и средни претпријатија и купување опрема, како и поддршка за вработување млади лица до 29 години. Многу е важно овие мерки да бидат промовирани директно пред стопанствениците зашто само така можеме да оствариме комуникација и да видиме дали тие имаат одредени задршки за да аплицираат за нив, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели