Момче нападнато и ограбено во ГТЦ

Дваесет и двегодишно момче било мета на напад и разбојништво во тоалет во Градскиот трговски центар, од страна на неколку непознати лица.
Од МВР инфотмираат дека сторителите со употреба на физичка сила му одзеле 7.600 денари и картичка за автобуски превоз, по што побегнале. По кратко време, во врска со настанот, во Полициската станица Центар биле приведени пет малолетници од Скопје (од нив четири се на 16-годишна возраст, а еден е 17 години). По приведувањето кај едно од лицата бил пронајден и со потврда за одземени предмети, бил одземен нож.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, како и за можна поврзаност на групата со други кривични дела разбојништва извршени во текот на изминатиов период.
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели