Модел ја изненадил својата сестра со Даунов синдром со роденденска фотосесија, на нејзината радост ѝ немало крај

Британи Гарафола не можела да ја сокрие радоста кога добила роденденска фотосесија од својот брат. 32-годишната Американка која има Даунов синдром долго време посакувала да биде модел како својот брат Крис, па кога желбата ѝ била исполнета, нејзината среќа била неизмерна.

Фотографиите, кои ја подигнуваат свеста за лицата со попречености, стоплија илјадници срца низ целиот свет.

Британи ГарафолаБритани Гарафола

Кога биле деца, Крис секогаш се обидувал да биде близок со својата постара сестра и да поминува повеќе време со неа. Тоа станало тешко кога Крис се запишал на факултет и се иселил од дома, а потоа уште потешко кога Крис станал познат модел.

Британи ГарафолаБритани Гарафола

И покрај обврските, успехот и тотално различниот начин на живот, 29-годишниот модел често се враќа во семејниот дом и не ја запоставува својата 32-годишна сестра. „Таа е отсекогаш мојата најдобра пријателка. Мојата цел е да се осигурам дека мојата сестра има добар живот, дека е заштитена и е здрава. Нејзината среќа е и моја среќа и тоа остана така уште од времето кога бевме деца па сѐ до денес“ – раскажува Крис.

Британи ГарафолаБритани ГарафолаБритани ГарафолаБритани Гарафола

Британи отсекогаш се идентификувала со својот помлад брат и секогаш сакала да ги прави истите работи. Така ѝ се појавила и желбата да биде модел и да се фотографира. „Кога започнав да ѝ ги покажувам рекламите и списанијата во кои ме имаше, ќе ми речеше дека и таа сака да го прави тоа. Јас ѝ кажував дека таа е веќе модел и дека јас се обидувам да бидам како неа“ – вели Крис.

Британи ГарафолаБритани ГарафолаБритани Гарафола

Британи долго не ја заборавила својата желба и често ја споменувала. А поради тоа што една од најголемите радости за Британи биле нејзините родендени, Крис се сетил да ја изненади и да организира тајна фотосесија како роденденски подарок. Повикот за волонтери кои би сакале да ја спроведат фотосесијата, Крис го споделил на својот профил на Facebook, а по кратко време се пријавиле многу професионалци.

Британи ГарафолаБритани ГарафолаБритани Гарафола

Подготовките започнале, а на Крис му било најтешко да ја лаже Британи дека за нејзиниот роденден нема да прават ништо посебно. На денот на роденденот, таа била многу разочарана бидејќи Крис ѝ предложил едноставно да одат и да земат нешто за јадење. Тој, нивната мајка и Британи се упатиле кон локацијата која била претходно избрана. Штом ѝ кажале на Британи кои се луѓето што ги чекаат, на нејзината среќа ѝ немало крај. „Започна да скока, да ме гушка и да плаче. Беше навистина емотивно“ – се потсетува Крис на реакцијата на својата сестра.

Британи ГарафолаБритани Гарафола

Шминкерите и стилистите неколку часа ја подготвувале Британи, а таа многу сериозно ја сфатила својата улога на модел. Уживала за време на фотосесијата и била пресреќна што ѝ се исполнила желбата да позира пред професионални фотографи.

Британи ГарафолаБритани ГарафолаБритани Гарафола

Роденденското изненадување што Крис го подготви за Британи предизвика многу позитивни реакции ширум светот. Тој вели дека му е мило што ја направил среќна својата сестра и дека се надева дека фотографиите од Британи ќе придонесат за подигнување на свеста за лицата со попречености. Фотографиите од Британи се објавени и на официјалниот сајт на фотографското студио Hive Studio каде што стои пораката „Среќен роденден Британи, прекрасна си!!!“

Британи Гарафола

Британи Гарафола

Извор – http://www.femina.mk/

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели