Мобилните оператори ќе немаат обврска да му обезбедат на МВР технички услови за прислушување

Измените на Законот за електронските комуникации кои се ставени на увид на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), предвидуваат бришење на спорниот член 175 од Законот за електронски комуникации. Тој член ги обврзуваше операторите да ги обезбедат сите неопходни технички услови за да овозможат следење на комуникациите во нивните мрежи, согласно со Законот за следење на комуникациите.
Според постојното законско решение за кое беше иницијатива до Уставниот суд,  операторите се должни на сопствен трошок да обезбедат и одржуваат опрема, соодветен интерфејс и да воспостават електронски комуникациски водови за пренос до овластениот орган за следење на комуникации, со цел да се овозможи следењето на комуникациите во нивната мрежа.
Во образложението пишува дека со предложениот закон се реализираатпрепораките на групата високи експерти за системски прашања од владеење на правото во врска со следењето на комуникациите. Овие законски измени се засноваат врз начелото за заштита на моралниот интегритет и почитувањето на човековите слободи и права. Одредбите од овој закон ќе се применуваат со одложено дејство,  најдоцна до 1 ноември 2018 година.
В. М.
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели