ММФ: Растот на БДП во Србија оваа година ќе биде 2%

Шефот на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во Србија, Џемс Руф денеска изјави дека Србија оваа година ќе има раст на БДП од два отсто, а во следната година 3,5 отсто.
Тој нагласи дека Мисијата на ММФ постигнала договор со властите за клучните параметри за државниот буџет на Србија за 2018 година.
– Приоритет е да се зачуваат достигнувањата во фискалните области што се постигнати со големи напори со поддршка од иницијативи што треба да поттикнат раст, како што е зголемени јавни инвестиции и намалување на даночното оптоварување за работниците со ниски доходи, изјави Руф.
Тој рече дека се очекува фискален дефицит во 2018 година од 0,7 отсто БДП, што е во согласност со потребата да се обезбеди фискална одржливост и понатамошно намалување на државниот долг.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели