Министерството за здравство јавно објави повеќе документи

На веб-страницата на Министерството за здравство првпат се објавени и достапни повеќе документи и информации од јавен карактер, со цел, како што велат од таму, унапредување на транспарентноста и отчетноста.
Објавувањето на документите е согласно одлуката на 34. седница на Владата со која институциите се задолжуваат јавно, преку официјалните веб страници да објават документи од делокругот на работа.
Објавените документи се достапни на официјалната веб-страница на Министерството за здравство, www.zdravstvo.gov.mk, во категоријата прес-листа на информации од јавен карактер, на следниот линк zdravstvo.gov.mk/lista-na-informacii-od-javen-karakter.
Меѓу документите достапни се: буџетот на Министерството за тековната и претходните години, ревизорски извештаи, годишни планови за јавни набавки, правилници за систематизација на работните места и правилници за организација, закони и подзаконски акти во надлежност на Министерството, органограм за внатрешната организација, листа на вработени со службени телефони и e-mail адреси и други информации од јавен карактер.
Извор: Макфакс

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели