Министерот Димитров на средби во Стејт департментот на САД

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денес и утре ќе се сретне со високи претставници на американската администрација, Стејт департментот, Конгресот на САД и тинк тенк заедницата, како и со македонската дијаспора во Вашингтон. Тој е во работна посета на САД, в среда во Вашингтон ќе учествува на конференција во организација на Атлантскиот совет на САД насловена „Следната бура? Обликување на балканската иднина во ера на неизвесност“.
На Конференцијата ќе учествуваат министрите за надворешни работи на балканските земји и повеќе од стотина учесници и експерти од двете страни на Атлантикот.
„Учесниците ќе разменат мислења во насока на генерирање нови идеи и предлози за забрзан пат на балканскиот регион кон трансатлантската заедница, и поттикнување засилена поддршка за политиките на земјите во Соединетите Американски Држави“, соопшти МНР.
Министерот Димитров ќе се обрати на панелот „НАТО на Балканот: Обезбедување на границите на турбулентни времиња“.
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели