Меркел: Ќе направиме напори да формираме Влада, што е можно поскоро

Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека ќе ги направи потребните напори за формирање Влада што е можно побрзо.
По неуспехот на коалициските преговори со Слободните демократи и Зелените, Меркел веќе размислува за сојуз со Левицата.
„Европа има силна Германија и затоа е пожелно да се формира Влада што е можно поскоро“, рече Меркел. Додаде дека нејзината привремена влада соодветно ги исполнува своите должности.
Меркел изрази подготвеност да започне разговори со социјалдемократите откако централно-левичарската партија ја преиспита својата одлука да остане во опозиција. Лидерот на партијата Мартин Шулц изјави подготвеност за преговори за коалиција со конзервативците на Меркел, но истакна дека разговорите треба да се базираат на заемно почитување.
 
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели