Марш за контрола на оружјето во САД

Околу половина милион се очекува да се соберат утре во Вашингтон на најголемиот марш за ограничување на продажбата и носењето на оружје во американската историја.

Собирот наречен „Марш за нашите животи“, е спонтана реакција по убиството на 17 лица во училиште на Флорида на 14 февруари.

Покрај во Вашингтон, слични собири се најавени и во други градови во САД.

Организаторите на сибирот добија поддршка и од многу славни лица. Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал понудија половина милион долари за поддршка на иницијативата, а со свои донации се јавија и Опра Винфри и Стивен Спилберг.

На маршот во центарот на американскиот главен град, на авенијата „Конститушн“, свое присуство меѓу останатите најавија и Аријана Гранде, Џенифер Хадсон, Деми Ловато, Џастин Тимберлејк и Мајли Сајрус.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели