„Марш на толеранција“ за лицата со попреченост

На 15 Ноември (среда) со почеток во 11 часот во хотел ,,АРКА” ќе се одржи конференција ,,Очи за еднаквост” посветена на лицата со попреченост, а по конференцијата во 15 часот настанот ќе продолжи со ,,Марш на толеранција” од Музеј на Град Скопје, исто така посветен на лицата со попреченост, а поддржан од 25 организации.
Конференцијата ја организира Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во рамките на проектот ,,Поддршка од граѓанското општество кон политиките за социјална кохезија и различностите” поддржан од Британската амбасада во Македонија. На конференцијата ќе бидат презентирани наодите од истражувањата и анализите за потребите за промени на лицата со посебни потреби во областите: социјална заштита, образование, здравствена заштита, вработување и квалитет на живот. Воведно обраќање на прес-конференцијата ќе има Британскиот амабасадор во Македонија, Чарлс Герет и извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права Уранија Пировска, а потоа ќе следи обраќање и на министрите и претставници на министерствата надлежни за областите за кои беа спроведени истражувањата.
По завршувањето на конференцијата продолжуваме со Маршот на толеранцијa Гледај со срцето, прифати ја различноста кој започнува во 15 часот од Музеј на Град Скопје, по улица Македонија и завршува со обраќања од учесниците во парк ,,Жена борец” спроти Собранието.

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели