Макрон најави иницијатива против насилството врз жените

Со цел да се елиминира чувството на срам на жртвите, францускиот претседател Емануел Макрон претстави иницијатива против насилството врз жените.
Тој претстави план кој ги поттикнува жените да преземат акција. Планот предвидува построги закони против сторителите и предвидени се мерки за едукација на населението на оваа тема, започнувајќи уште од децата во градинка.
– Убеден сум дека една од главните задачи на мојот петгодишен мандат ќе биде борбата за полова рамноправност и борбата против насилство врз жените, рече Макрон.
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели