Макрон: Државата заборави на најсиромашните и со тоа придонесе за радикализација

Претседателот на Франција. Емануел Макрон изјави дека француската држава придонела кон проблемот со тероризмот со тоа што ги занемарила најсиромашните градски населби во кои честопати живеат припадници на мигрантските заедници, како и со своите „понекогаш авторитарни“ мерки за борба против тероризмот.
Макрон најави инвестициски план од една милијарда евра за развој на приградските населби, кои станаа синоним за урбана сиромаштија, криминал и тероризам.
– Државата се откажа од својата одговорност за сиромашните населби, и во празнината што ја оставивме влегоа радикалните проповедници, изјави Макрон.

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели